Експресно закажана средбата Заев – Мицкоски

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе се сретнат денеска во 14:30 часот во просториите на Владата.

Средбата следува само неколку часа по прес конференцијата на Мицкоски на која тој го повика премиерот да се сретнат и да му биде презентиран документот кој го договориле со грчкиот колега Алексис Ципрас.

По завршување на средбите, како што јавува владината прес служба, јавноста ќе биде известена преку соопштение за деталите од разговорот.

Фото: МКД.МК

Leave a Reply