Експлозија во џамија во Кабул: 10 загинати, 27 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во бомбашки напад врз џамија во Кабул за време на вечерната молитва загинаа најмалку 10 лица, меѓу кои и истакнат исламски старешина, а беа ранети над 27, меѓу кои и неколку деца, јавува АП повикувајќи се на очевидци и полицијата.

Loading...

Сѐ уште никој не ја презел одговорноста за вчерашниот напад, последен што ја погоди земјата во една година владеење на талибанците, наведува американската агенција.

Според очевидци, жители на градскиот кварт Кер Кан, каде што бил извршен нападот на џамијата Сидики, експлозијата ја извршил бомбаш самоубиец.

Убиениот исламски поглавар на џамијата е мула Амир Мохамад Кабули, изјави анонимен очевидец, пренесува АП.

Италијанската итна болница во Кабул соопшти дека најмалку 27 лица се ранети, меѓу кои пет деца, и тие се хоспитализирани.

Полицијата во Кабул ја потврди експлозијата во џамијата во северниот дел на градот, но не даде информации за бројот на жртвите, ниту за бројот на загинати и ранети.

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид, исто така, ја осуди експлозијата и вети дека „сторителите на таквите злосторства наскоро ќе бидат изведени пред лицето на правдата и казнети“.

Жителите на Кабул известија дека од силината на експлозијата во северниот дел на главниот град, скршени се прозорците на околните згради, а некои очевидци изјавија дека бројот на жртвите може да се зголеми и дека можеби загинале дури 25 лица, според АП.

Loading...

Локалната група Исламска држава ги засили нападите врз талибанците и цивилите откако тие ја презедоа власта минатиот август, во време кога американските и трупите на НАТО беа во завршна фаза на повлекување од земјата.

Терористичката организација ја презеде одговорноста за убиството на истакнатиот талибански лидер во неговиот верски центар во Кабул минатата недела.