Експлозија на плинска боца во Куманово, еден повреден

Сподели со своите пријатели

Во СВР Куманово вчера околу 10:00 часот било пријавено дека во куќа во населбата Вера Которка, кумановско, во сопственост на Ф.Т.(28), настанала експлозија на плинска боца, при што бил повреден истиот бил повреден.

Loading...

Според пријавеното, тој запалил шпорет на дрва на кој била поставена плинска боца, која притоа експлодирала.

Како што информираат од полицијата, Ф.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply