Експлозија на блендер во кујна: Мислев дека ми се топи лицето

Сподели со своите пријатели

Жена од Велика Британија ќе мора цел живот да живее со лузна на лицето, откако во кујната, при готвење и ескплодирал Nutri Buller, блендер наменет за домашна употреба.

Loading...

Фитнес инструкторката Тиша Стејплтон (24), минатата недела го купила блендерот за 100 фунти, но само по втората употреба, блендерот престанал да работи, пишуваат англиските медиуми.

Capture

Кога Тиша се обидела да го одврти делот каде што стои моторот, одеднаш почуствувала удар и чувство дека и гори сопствената кожа на лицето.

– Болката беше страшна. Почуствував дека ми гори кожата и дека ослепувам. Мислев дека ми се топи лицето, вели Тиша која моментално се наоѓа на лекување во Лондон.

Capture

И покрај напорите да се спаси лицето на Тиша, докторите и` соопштиле дека таа нажалост ќе мора да живее со лузна на лицето до крајот на животот.

Како што пишуваат англиските медиуми, од Нутри Булит не добиле конкретен одговор за тоа што се случило со нивниот апарат, велејќи дека нивните производи се со највисок квалитет.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.