Експлозии во Киев: Од рано изутрина активни сирени за воздушен напад!

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека во средата во раните утрински часови одекнале експлозии во главниот град на Украина Киев.

Loading...

Кличко изјави дека експлозиите го потресоа централниот кварт Шевченки, а на местото на настанот се испратени екипи на итната помош.

Клично додаде дека украинската воздушна одбрана соборила 10 дронови „Шахид“ произведени од Иран.

Агенцијата Ројтерс, која ја пренесе оваа информација, не може да ја потврди од независни извори.

Системите за противвоздушна одбрана се оперативни, изјави гувернерот на Киев Алексеј Кулеба.

Репортерите на Би-Би-Си слушнале силни експлозии веднаш откако се вклучила сирената за воздушен напад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Двајца сведоци изјавија за Ројтерс дека градот и околниот регион биле под сирени за воздушен напад околу 20 минути пред експлозиите.

Русија постојано ја гаѓаше енергетската инфраструктура на Украина од октомври со проектили и беспилотни летала.

Loading...

Според некои информации, се слушнале три експлозии, но тоа не е официјално потврдено.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.