Експлозии на два руски аеродроми, граѓаните во страв (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Два руски аеродроми каде се подготвуваше голем напад врз Украина се погодени со дронови, јавуваат руските медиуми.

Loading...

Најмалку три лица загинаа, а шест се повредени откако цистерна со гориво експлодира на руски аеродром во близина на градот Рјазан, јавува руската новинска агенција РИА Новости.

Тој град се наоѓа на околу 200 километри југоисточно од Москва.

Рускиот весник МК објави дека од експлозија на резервоар со гориво е оштетен и авион.

– Се во мојата куќа одлета од полиците. Мислев дека прозорците ќе издувнат. Ужас. Живееме недалеку од зоната на полетување – изјави жител на Рјазан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Во воздухопловната база Енгелс-2, во близина на градот Саратов на југозападот на Русија, во раните утрински часови се урна дрон од непознато потекло, а оштетени се два бомбардери ТУ-95, кои претходно беа користени за напади врз украинската инфраструктура.

Аеродромите „Енгелс-2“ и „Рјазан“ се надвор од дострелот на ракетите на Киев, што значи дека и двата напади најверојатно биле извршени со беспилотни летала.

„Москва може да биде нападната“

Руската новинска агенција Readovka објави дека двете експлозии се случиле на аеродромите што ги користи Москва за напад на украинската инфраструктура.

Loading...

Во извештајот на Редовка се тврди со „голема веројатност“ дека дронот бил лансиран од руска територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

– Ако дронот дојде од Украина, тогаш нашиот непријател веќе има технологија со домет од 1000 километри, што значи дека Москва би можела да биде нападната. Одмаздничките напади треба да се продолжат десеткратно. Сè додека рускиот одговор нема огромен ефект, таквите напади ќе продолжат – заклучи Редовка.