Експертите алармираат: Не споделувајте лични информации на Фејсбук

Сподели со своите пријатели

Американскиот експерт за безбедност, Енди О’Донел, неодамна испратил апел за тоа кои информации не треба да ги откриваат корисниците на социјалната мрежа Фејсбук.  Според О’Донел, на профилите никако не треба да го наведувате вашиот датум на раѓање, адреса, телефонски број, љубовен статус или пак да давате било какви информации за природата на работното место. 

Loading...

1. Датум на раѓање

Знаејќи го вашиот датум на раѓање и уште три или четири лични податоци, многу лесно некој може да ви го украде идентитетот. Ако навистина не сакате вашиот роденден да помине незабележано, барем не ја пишувајте и годината на раѓање.

2. Адреса

Ако во меѓувреме објавите дека сте на одмор или надвор од градот, им давате отворена врата на крадците.

3. Телефонскиот број

Како и адресата, и тој може да им ја открие вашата локација на несаканите „гости“.

4. Љубовен статус

Loading...

Љубовниот статус лесно се пребарува преку ‘+Facebook Graph Search’+ , што е одлично да навлечете некој манијак.

5. Информации за работата

Објавување на информации во врска со работата и проектите на кои (ќе) работите им остава простор на конкуренцијата истите да ги искористи во своја полза.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *