Ејпл лансираше кредитна картичка

Сподели со своите пријатели

Ејпл одржа традиционална презентација на нови производи  сега без хардверски новитети и со голем број нови услуги и претплати.

Loading...

И самиот Тим Кук, извршен директор на компанијата, на почетокот најави сосема поинкава презентација, ориентирана на услуги кои ги поврзуваат софтверот и хардверот.

Вниманието го привлече кредитната картичка.

Имено, Ејпл ја шири својата понуда на финансиски услуги и на кредитните картички. Ејпл кард (Apple Card) ќе биде замена за кредитната картичка која се користи преку мобилниот телефон и овозможува контрола над трошоците, следење на буџетот, разни награди за лојалност и слично, а се без надокнади за користење.

Системот ќе функционира секаде каде и Ејпл пеј. Во САД Ејпл кард ексклузивно ќе издава Голдман Сакс, што значи дека картичката ќе можат да ја добијат во почетокот само корисниците од таа земја. На сите места во светот каде се прифаќа Мастеркард картичката, корисниците ќе можат да плаќаат со посебна Ејпл кард.

Кук рекол дека новата кредитна картичка на компанијата ќе биде „најзначајна промена во искуството со кредитни картички во последните 50 години“.

Leave a Reply