„Ејпл“ го претстави најголемиот и најскап „Ајфон“ досега (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Како што и беше најавено Ејпл претстави три телефони од кои еден не само што е најголем, туку и најскап модел досега. iPhone XS Max има 6,5 инчи и Супер ретина дисплеј со кој оди и цената од 1.099 долари, а ќе се продава од 21. септември.

Новиот модел кој би требало да ја заземе улогата која ја имаше Ајфон Х, претсавен е со уште два модели iPhone XS кој има 5,8 инчи и цена од 999 долари и iPhone XR  со 6,1 инчи кој чини 749 долари.

Првиот човек на компанијата, Том Кук го нарече најубав телефон кој досега го имаат, кои уште повеќе се отпорни на вода од претходните модели, но и побрзи, затоа што имаат Ејпл А12 бионик чип и зголемена меморија.

 

Loading...

 

iPhone XS и поголемиот XS Max се флегшип модели. Двата телефони имаат сличен дизајн во однос на веќе постоечкиот iPhone X, вклучувајќи Face ID систем за отклучување.

Компанијата дефинитивно се откажала од физичкото копче кое минатата година беше отстрането само од најскапиот модел. Сега воопшто го нема на ниту еден од трите нови.

Како и претходникот и ХЅ има 5,8 инчи ОЛЕД екран додека со 6,5 инчи XS Max е поголем и од  Galaxy Note 9 кој е наменски правен како таблет.

Двата телефони имаат дуал камера со по 12 мегапиксели, а и предна камера со по 7МР.

Телефоните се опремени со новиот чип кој самата компанија го произведува и кој носи до 15 отсто поголема брзина во однос на претходникот А11 чип. Според првичните податоци уредите имаат четиријадрен процесор и до 50 отсто поголема брзина, а сетоа тоа со 512 гигабајти меморија.

 

 

Најголемиот модел, со опцијата од 512GB ќе чини 1.449 долари.

Од компанијата тврдат дека iPhone XS Max ќе има и до час и половина подолга автономија во однос на претходникот, а интересно е што ова е прв телефон на Ејпл кој има опција за две СИМ картички.

Leave a Reply