ЕХФ: ЖРК Куманово против Славија Прага

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб Куманово во ЕХФ Купот силите ќе ги одмери со составот на Славија Прага од Република Чешка.

Loading...

Двата тима денеска ги споi ждрепката одржана во просториите на ЕХФ.

Првиот натпревар ќе се игра на 7 или 8 септември, а вториот ќе следува една недела подоцна.

Чешкиот тим има освоено седум домашни шампионати во периодот 1994 – 2010 година, а најголемиот успех го има постигнато во 2001 кога стигнува до полуфиналето на ЕХФ Купот.

За ЖРК Куманово ова е прв настап во ЕХФ како вицепрвак на Македонија. Досега има играно против неколку европски екипи во рамките на Челинџ Купот.

Управата на клубот за тренер го избра селекторот на Женската ракометна репрезентација на Македонија, но е во активна потрага по нови засилувања кои заедно со девојките од Куманово ќе се борат и на меѓународна и на домашна сцена.

Loading...

Leave a Reply