Египетските археолози пронајдоа 20 насликани саркофази

Сподели со своите пријатели

Египетските археолози откриле повеќе од 20 дрвени саркофази во близина на градот Луксор, а на нив сè уште се видливи светли бои.

Loading...

Саркофаги биле откриени во некрополата Асасиф лоцирана на западниот брег на реката Нил. Тие биле распоредени во два реда, еден над друг, јави Би-Би-Си.

Египетското Министерство за антиквитети откритието го нарече „едно од најголемите и најважните“ во последните години.

Повеќето гробници во некрополата Асасиф датираат од доцниот период (664 – 332 п.н.е.) од антички Египет.

Сепак, постојат саркофази од раната 18-та династија (1550 – 1229 п.н.е.), на кои припаѓале и познатите фараони како Хатшепсут, Аменхотеп III и Тутанкамон.

Министерот за антиквитети минатата недела објави дека археолозите откриле античка „индустриска област“ во западната долина на Луксор во која се наоѓале „објекти за складирање и чистење на погребална опрема, со многу керамика од 18-тата династија“.

Министерството ќе објави повеќе детали за овој неверојатен наод на прес-конференцијата што ќе се одржи во сабота.

Leave a Reply