Египетските археолози открија гробници стари 2.000 години

Сподели со своите пријатели

Археолозите во Египет пронашле три гробници кои датираат од птоломејскиот период, пред повеќе од 2.000 години, соопштило Министерството за антиквитети од таа земја.

Откритието се случило во провинцијата Миња, во долината на Нил јужно од Каиро. Тоа подрачје е познато како ал-Камин ал-Сарави.

Министерството навело дека ископаните саркофази и делови од глинени чинии зборуваат дека тука се наоѓала голема некропола од периодот измеѓу 27та династија и грчко-римското доба.

 

Loading...

Една од гробниците рамка засечена во карпа и која вди до просторија во која се пронајдени поклопци во форма на четири саркофази, два за жени и два за мажи. Во другата гробница имало две простории, а во едната од нив имало шест гробни места вклучувајќи и детска.

Ископувањето на третата гробница и натаму трае.