Археолозите во Египет пронашле три гробници кои датираат од птоломејскиот период, пред повеќе од 2.000 години, соопштило Министерството за антиквитети од таа земја.
Откритието се случило во провинцијата Миња, во долината на Нил јужно од Каиро. Тоа подрачје е познато како ал-Камин ал-Сарави.
Министерството навело дека ископаните саркофази и делови од глинени чинии зборуваат дека тука се наоѓала голема некропола од периодот измеѓу 27та династија и грчко-римското доба.
Loading...
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.