Египет: Откриени древни мумии со златни јазици (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Археолозите откопаа неколку древни мумии во Египет кои наместо јазици имаат златни влошки.

Loading...

Овие необични мумии се пронајдени во некрополата Кувајсна, која е откриена во 1989 година.

Експертите веруваат дека областа била населена за време на Птоломејскиот и Римскиот период, кои се протегале од околу 300 п.н.е. до 640 година од нашата ера.

Мумиите со златен јазик биле откопани во новооткриеното проширување на археолошкиот локалитет, каде што биле закопани бројни други тела од три периоди на древниот Египет.

Некои откопани скелети имаат позлатени коски, додека други се закопани во близина на златни скараби и цветови од лотос.

 

 

Loading...

Тивка земја

Иако ова не е прв пат во Египет да се најдат мумии со златни јазици, оваа древна практика сè уште претставува загатка за археолозите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјата се врти побрзо од кога било досега: Часовниците можеби ќе треба да прескокнат секунда?

На пример, на почетокот на 2021 година, додека работеле на локација стара 2.000 години во Египет, експертите откриле череп со декорација во облик на јазик.

Кон крајот на истата година, пронајдени се мумии на маж, жена и дете со златни јазици, постари од 2500 години.

Кога биле откриени овие необични мумии, египетското Министерство за туризам и антиквитети објави дека најверојатно станува збор за постхумен ритуал во кој во устата на покојникот бил ставен „златен јазик“ за да му го олесни патувањето низ задгробниот живот.

Имено, во древниот Египет се верувало дека златниот јазик е неопходен за да му се угоди на Озирис, господарот и судијата на подземниот свет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Садењето дрвја на погрешни места всушност ги влошува климатските промени

Како грчкиот бог Хадес, Озирис живеел меѓу мртвите и држел завет на молчење. Всушност, подземниот свет во древниот Египет понекогаш бил познат како „Тивка земја“, а Озирис го нарекувале и Господар на тишината, пишува Science Alert.

Озирис очигледно мразел бучава, а експертите веруваат дека токму поради тоа имало тишина за време на погребните практики во древниот Египет.

Само кога устата на мумијата била отворена како подготовка за задгробниот живот, била пуштена музика или се произведувал звук.

Loading...

 

 

Мистеријата на златниот јазик

Можеби древните Египќани верувале дека погребаните ќе можат да зборуваат со Озирис без да прават врева поради нивниот златен јазик?

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците се повеќе загрижени за микропластиката: Може да ги загрози археолошките наоди

Но, ако е така, тогаш зошто само некои мумии имаат толку „скапоцен“ јазик?

Златото било популарен материјал во древниот Египет кога се правеле украси за погребни обреди.

Блескавиот елемент се сметал за месо на боговите, поточно кожата на богот на сонцето Ра, и се поврзувал со концептот на вечноста.

Ра бил на чело на сите древни египетски богови, творец на сè и го претставуваше сончевиот дел од денот, додека Озирис ги претставувал часовите на темнината.

Loading...

Можеби златниот јазик симболизирал врска со светлината дури и во студената темнина на подземјето.

Претставници на египетското министерство велат дека мумиите пронајдени во Кувеисна се во лоша состојба и нивните тајни се распаѓаат со нив.