Египет ја започна првата реставрација на позлатениот саркофаг на Тутанкамон

Сподели со своите пријатели

Египет ја започна првата реставрација на позлатениот саркофаг на познатиот млад фараон Тутанкамон, пред отворање на новиот музеј следната година, соопшти египетското Министерство за антиквитети.

Loading...

Министерот Калед Ел Анани, на новинарите им рекол дека работата на најстариот ковчег кој е направен од дрво и позлатен, би требало да биде завршена за осум месеци.

Египет отвора две најстари пирамиди за посетителите

Тој рекол дека поради многу лошата состојба во која се наоѓал, не е обновен од 1922 година, кога британскиот археолог Хауард Картер ја открил гробницата стара 3.000 години и сите богатства кои внатре се наоѓале.

Ковчегот бил во гробницата до јули, кога е преместен во нов музеј, кој е направен во близина на познатите пирамиди во Гиза.

Египетски саркофаг стар 2.500 години отворен во телевизиски пренос (ВИДЕО)

Тутанкамон на власт дошол на девет години и владеел се до својата смрт во 18та или 19та година од животот.

Leave a Reply