Египет го забрани „Јутјуб“

Сподели со своите пријатели

Највисокиот египетски суд донесе одлука на месец дена да биде забранет „Јутјуб“ во таа земја поради видео клип во кој се зборува лошо за исламскиот пророк Мухамед.

Со таа одлука, донесена во сабота, завршен е процесот против аматерскиот филм „Невиноста на муслиманот“ од 2012. година во кој пророкот Мухамед е прикажан како кловн и педофил, пренесува британски Гардијан.

Објавувањето на таа видео снимка предизвика масовни анти-американски протести ширум Блискиот исток, во кои страдаа над 30 луѓе.

Како што се наведува, Вашингтон се обидел да ги ублажи протестите наведувајќи се дека снимката е направена приватн, без поддршка на влста, како и дека законот за слобода на говорот спречува емитување на потпалувачки материјал.

Одлуката на највисокиот египетски суд е конечна и против неа не може да се поднесе жалба.

Гардијан пренесува дека во недела попалдне каналот се уште бил достапен во Египет.

Leave a Reply