Едноставни трикови како да ja исчистите кадата за да изгледа како ново за само неколку минути

Сподели со своите пријатели

Чистењето на кадата е работа што мора да се прави редовно за да се спречи формирање на мувла, а една мајка открила одличен трик како да го направите тоа лесно користејќи само три производи – сода бикарбона, оцет и детергент за садови.

Loading...

Каролина Меколи на својот профил на Тикток сподели видео во кое покажа како се чисти када со неколку брзи чекори, а нејзиниот совет воодушеви многумина, пишува Дејли Меил.

 

 

Првото нешто што треба да направите е да натопите три крпи во оцет и да ги ставите преку славината на кадата за да ги отстраните несаканите бактерии и нечистотија. Потоа ставете сода бикарбона во одводот и истурете чаша оцет за да го исчистите одводот од остатоци.

Оцетот е вообичаен природен производ што се користи за убивање бактерии и дезинфицирање на површините бидејќи е направен од оцетна киселина, додека сода бикарбона предизвикува растворање на нечистотија и маснотии во вода, а исто така може да се користи за чистење на разни површини и облека.

На крајот, ставете малку сода бикарбона на целата површина на кадата и додадете детергент за миење садови над сода бикарбоната и истријте ја кадата со мек сунѓер. Исплакнете се добро со топла вода, внимавајќи да не оставите сапун или пена.

Loading...