Едноставни кинески трикови за фантастична 2020 година

Сподели со своите пријатели

Дрвена рамка го поврзува семејството со пријателите, украсите во височина како што се лампи и украсните венци ќе избркаат „тага“, а свеќите во спалната соба ќе обезбедат љубов за Нова година, велат познавачите на Фенг Шуи.

Најважно е да знаете дека со бои, новогодишни украси и некои симболи на фенг шуи можете да постигнете високо ниво на чи енергијата и да привлечете среќа во просторот.

Loading...

Дрвена рамка

Ако гостите доаѓаат кај вас, потрудете се да поставите нивната слика со вас во дрвена рамка, бидејќи дрвото го поврзува семејството со пријателите. Можете исто така да ја поставите оваа слика во собата за гости. Создава чувство на блискост, интимност и добредојде.

Новогодишна елка

Ако не знаете кое е местото, тогаш пронајдете го најубавото место во дневната соба, ходникот или трпезаријата. Тоа зависи од големината на станот, куќата и канцеларијата бидејќи и тука се применува фенг шуи на канцеларискиот простор.

Image by Free-Photos from Pixabay

Можете да го поставите во срединат ана станот. Така, целата куќа или канцеларија ќе има одлична празнична енергија и новата енергија од наредната година ќе биде проширена на сите други 8 сектори:

– љубов и партнерство

Loading...

– креации и идеи

– пријатели и патувања

– кариера

– знаење и мудрост

– семејство и здравје

– пари и богатство

– углед и успех

Совет плус: Внимавајте новогодишната елка да не биде во бизина на влезната врата за да не „излезе среќата“.

Image by Pexels from Pixabay

Loading...

Во секој случај, пронајдете место што ќе биде доминантно и нема да го мачи домаќинството да се движи наоколу и на крајот да го турне дрвото. Не треба да има ништо што ја блокира чи – енергијата на вашата елка. За да го знаете ова, прошетајте од влезната врата од таа соба до елката.

Ако нешто ве погоди и блокира додека шетате или морате да прескокнете мебел за да стигнете до елката, тогаш чи енергијата исто така ќе ја „удира“ и „прескокнува“ вашата среќа.

Обрнете внимание на ова, за да не се жалите следната година дека ве „прескокнуваат“ работните места, љубовните партнери, можни патувања или не „ве слушаат“вашите деца или вработени, па прават што ќе сакаат.

„Поинсетиас“ е традиционален божиќен цвет кој ветува чуда и магија кога се користи како Божиќна декорација. Кога виси на четирите агли на главниот кат на куќата, атмосферата е ослободена од негативност, лутина, стрес и напнатост.

Кога виси во трпезаријата, според фенг шуи, носи пари и среќа во вашиот дом за време на новогодишните празници.

Loading...

Украсете ја спалната соба според правилата на фенг шуи за енергија на љубовта и сексот.

Ставете две убави црвени или розови свеќи на масата покрај масичката до креветот.

Најважно е да бидете внимателни да не запалите многу свеќи во исто време, да не го запалите „угледот“ или да предизвикате афери во бракот, а тоа може да предизвика и пожар.

Освежете го просторот со новогодишни мириси

Циметот е смирувачки новогодишен мирис. Според принципите на фенг шуи, мирисот на цимет исто така се смета за машки афродизијак и го тера човекот да сака да троши пари! Мирисите на бор, ќемпрес или еукалиптус ќе ја исчистат атмосферата од негативна енергија.

Loading...

Пупките на божиќните цвеќиња создаваат мир и хармонија. Портокалите во кујната или трпезаријата потикнуваат изобилство, пари и радост.

Image by Gerd Altmann from Pixabay

Новогодишни украси за домот

Користете венци и светилки за украсување на вашиот дом. Украсете ги сите краеви на домот кои се подвиткани надолу бидејќи овие краеви потсвесно симболизираат тага, велат фенг шуи експертите. Ставете го декотор во висина на очите за да ги „воздигне“ вибрациите на просторијата и расположението на сите во домот.

Loading...

Зелена боја ќе ја исчисти негативната енергија

Во фенг шуи, зелената е бојата на заздравување. Го ублажува стресот и создава мирна околина. Кул и мирна зелена нијанса го неутрализира „огнот“ или топлина од вишок црвено, велат познавачите на античката кинеска практика.

Украсете го вашиот дом со бор или други зимзелени гранки и помислете на неколку гранки што висат над влезот како одбрана од негативна енергија. Исто така, на овој начин поканувате богатство и среќа во вашиот дом.

И не заборавајте да бидете расположени и ентузијасти, па влезете задоволни во Новата година.


Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *