Едно лице тешко повредено во сообраќајка кај Страцин

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 15 .30 часот на на регионалниот пат Кратово – село Страцин, кај место викано “Превалец“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило марка “Волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.С.(54) и патничко моторно возило со кумановски регистарски ознаки марка “Матиз“ управувано од О.Ј(30).

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во сообраќајната незгода возачот на патничкото возило О.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентен центар во Скопје, а возачот на камионот е пренесен во болницата во Кратово.

Увид на лице место изврши увидна екипа од ПС- ОН Кратово.

Leave a Reply