Едно лице со тешки повреди по тепачка во кумановскиот затвор

Сподели со своите пријатели

Едно лице завршило со тешки телесни повреди во болница, по тепачка која се случила вчера во кумановскиот затвор.

Loading...

– На 01.04.2020 во 22.40 часот во Полициска станица Куманово, вработен во КПУ Затвор „К’шање” во Куманово пријавил дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца затвореници, С.С.(30) од село Ропаљце – Липково и М.М.(25) од Куманово, пo што С.С. бил пренесен во Општата болница Куманово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply