Едно лице повредено во вчерашната сообраќајна незгода на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

О.Д. е лицето кое вчера се здобило со скршеница во рамото при сообраќајна незгода која околу 19 часот се случила на магистралниот патен правец Куманово – Крива Паланка, во близина на „Алфи Техноцентар“ во населбата Карпош.

Во незгодата учествувале две патнички моторни возила, од кои едното било такси возило, а при урадот за среќа повредено е само едно лице кое завршило на Одделението за хирургија во кумановската болница со полесни телесни повреди, односно само со скршеница на рамото.

Инаку истиот овој патен правец е доста опасен поради кривината која се наоѓа токму на оваа локација, па често токму тука се случуваат сообраќајни несреќи поради неприлагодена брзина и слаба прегледност.

 

Loading...