Едно лице повредено во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 19,30 часот во Куманово, на крстосницата од улица
„11-ти Октомври“ и „Димитрие Туцовиќ“, се случила сообраќајна
незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, а управувано од А.А.(38) од Куманово и патничко моторно возило „Фолксваген поло“, управувано од Л.Б.(46) од Куманово, при што Л.Б. се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово, информираат од полицијата.

Loading...

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply