Една од најпосетуваните знаменитости на Крит на листата 10 најморбидните места на планетата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Спиналонга е втората најпосетувата историска знаменитост на Крит, веднаш по археолошкото наоѓалиште Кносос, а во јули и август минатата година над 4.000 луѓе го посетиле овој остров.

Loading...

Островот се најде и на листата на „Дејли мејл“ каде се вбројува меѓу 10 најморбидни места на земјата.

Островот кој се наоѓа во заливот Елунда, на североистокот на Крит го населиле колонија заболени од лепра од 1903 до 1957 година. Последниот жител на островот, свештеникот од тука заминал во 1962 година.

До островот лесно може да се дојде од Плака, Елунда и Агиос Николаос.

Од 1976 година благодарение на напорите на грчкото Минситерство за култура, Спиналонга е под заштита на УНЕСКО, а инспирирала и многу уметнички дела. Едно од нив е книга од 2005 година на Викторија Хислоп „Остров“, по која е снимена и телевизиска серија под истото име.

И британците исто така снимале серија инспирирана по оваа приказна „Who pays the Ferryman“.

Loading...

Погледнете ја во продолжение единствената снимка од 1935 година кога островот бил населн од заболени од лепра.

фото: Pixabay

Leave a Reply