Единаесет лица од Куманово обвинети во оперативната акција ”Гора”

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција “Гора“ за спечување на нелегална сеча и трговија со огревни дрва во текот на изминативе две недели по однос на работењето на лиценцирани лица за извршување стручни работи на шуми во приватна сопственост поднесе вкупно 33 кривични пријави против физички и правни лица поради постоење на основани сомнение дека сториле повеќе кривични дела.

Loading...

Притоа првичните проценки говорат дека станува збор за евидентирана исечена дрвна маса во количина  од околу 5.400 метри кубни разни видови дрво од државни и приватни катастарски парцели, а штетата проценета по однос  на незаконската сеча изнесува околу 29.788.470 денари, додека пак противправната имотна корист од ваквите незаконски дејствија се проценува на околу 8.680.000 денари.

СВР Куманово поднесе три кривични пријави против 11 сторители за сторени 14 кривични дела,  со кои противправно се исечени 190м³ огревно дрво, а РМ е оштетена за вкупнен износ од 1.331.260 денари

Кривично пријавените се сомничат за три кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“ и три кривични дела “фалсификување или уништување деловни книги“ како и едно кривичното дело “кражба“.