Еден убиен, тројца повредени во ново пукање во САД

Сподели со своите пријатели

Едно лице е убиено, а три други се повредени во средата во пукање во трговски центар во градот Ел Пасо во Тексас, соопшти полицијата.

Loading...

Портпаролот на полицијата Роберт Гомез изјави дека еден осомничен е во притвор, но медиумите објавија дека и второто лице е приведено по пукањето во трговскиот центар Сиело Виста, Тексас. Мотивот за пукањето се уште не е познат.

„Беше хаотично. Луѓето бегаа, беа во страв. Како што кажав, пукаа во трговскиот центар. Ова води до паника“, изјави Гомез.

Полицијата го нарече местото активно место на злосторство и ја повика јавноста да го избегнува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Видеото од вестите покажа паркинг полн со патролни автомобили.

„Единиците го расчистуваат трговскиот центар. Тие собираат сведоци. Трговскиот центар е доста голем, поради што потрагата ќе потрае извесно време“, изјави Гомез и додаде дека нема информации за состојбата на повредените.

Трговскиот центар Сијело Виста се наоѓа во близина на супермаркетот Волмарт каде вооружен напаѓач уби 23 лица на 3 август 2019 година.

Пред една недела, Тексашанец се изјасни за виновен за злосторство од омраза во договорот за признавање на вината за да избегне смртна казна.

Loading...

Но, тој сè уште се соочува со смртна казна во посебен судски случај.