Еден Бразилец 12 недели јадел само веганска храна, другиот месо: Ова се нивните резултати! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Браќата близнаци Хуго и Рос Тарнер спровеле експеримент во кој едниот јадел само веганска храна, а другиот бил месојад.

Loading...

Хуго и Рос Тарнер се идентични близнаци, меѓу кои на прв поглед речиси и да нема никаква разлика.

Според „Би-Би-Си“, тие двајца биле на вакви исхрани цели 12 недели, за потребите на студијата спроведена од Кралскиот колеџ во Лондон, а во тој период и двајцата консумирале иста количина калории на дневна основа.

Дури и заедно оделе во теретана, ги правеле истите тренинзи, само Хуго исфрлал млечни производи и месо, додека Рос уживал во таа храна.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by 𝗧𝗛𝗘 𝗧𝗨𝗥𝗡𝗘𝗥 𝗧𝗪𝗜𝗡𝗦 (@theturnertwiins)

 

Хуго вели дека на почетокот не му било лесно да се навикне на исхрана од растително потекло, но дека набрзо почувствувал дека има повеќе енергија.

Loading...

„Бев на веганска исхрана и на почетокот не беше лесно. Мислам дека првите неколку недели сакав месо, млечни производи и сирење. Обожавам сирење. Сега морав да јадам овошје и јаткасти плодови и алтернативи кои не содржат млечни производи. Јадев многу повеќе целосна храна, што значи дека нивото на шеќер во крвта ми беше прилично стабилно во текот на денот. Имав многу повеќе енергија“, рече тој.

Од друга страна, неговиот брат близнак, кој јадел месо и млечни производи, вели дека неговата енергија варирала.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by 𝗧𝗛𝗘 𝗧𝗨𝗥𝗡𝗘𝗥 𝗧𝗪𝗜𝗡𝗦 (@theturnertwiins)

 

Исто така, Рос вели дека само споредувајќи ја со растителна исхрана на Хуго, сфатил колку всушност јаде преработена храна.

До крајот на 12-та недела од студијата, тие откриле дека разликата помеѓу нивната исхрана „сѐ уште не прави голема разлика“. Меѓутоа, нивото на холестерол на Хуго било намалено, а тој исто така изгубил тежина и ја подобрил отпорноста на дијабетес тип 2.

На почетокот на исхраната Хуго тежел 83,8 килограми и 13 отсто телесни масти. До крајот на 12-та недела ослабел и тежел 81,9 килограми и тежел 12 отсто сало.

Loading...

Според извештајот, и неговиот брат на почетокот имал 13 отсто сало, но за време на експериментот се здебелил 4,5 килограми во мускули, а добил и масти.

На крајот имал 15 отсто телесни масти и тежел 85,7 килограми.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by 𝗧𝗛𝗘 𝗧𝗨𝗥𝗡𝗘𝗥 𝗧𝗪𝗜𝗡𝗦 (@theturnertwiins)