ECDC: Најлоша сезона на птичји грип досега

Сподели со своите пријатели

Сезоната 2021-2022 на високопатогениот птичји грип (HPAI) е најтешката досега регистрирана во Европа и досегашниот биланс е близу 50 милиони уништени живина во заразените фарми, објави Европскиот центар за превенција и контрола на заразни болести.

Loading...

Таа агенција на Европската унија нагласува дека и покрај исклучително големиот број случаи кај домашната живина и дивите птици и бројните случаи на пренесување на болеста на различни цицачи, во ЕУ и Европската економска заедница не се регистрирани случаи на птичји грип во последниве години.

Се додава дека во светот се евидентирани многу мал број на благи форми на болеста, но предупредува и дека ризикот е нешто поголем за луѓето кои поради својата работа се директно изложени на контакт со заразени лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Последниот заеднички извештај на ЕЦДЦ, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) и референтните лаборатории во Европската унија прецизира дека на живинарските фарми биле регистрирани вкупно 2.467 инфекции, а околу 48 милиони птици морале да бидат убиени.

Оваа болест е регистрирана и кај 187 диви птици во заробеништво, на пример во зоолошки градини и 3.573 диви птици во природа.

Покрај тоа, како што се наведува, епидемијата е запаметена и по големината на погодената територија, бидејќи жариштата се регистрирани во 37 европски земји, од архипелагот Свалбард во Арктичкиот океан, до јужна Португалија и на исток до Украина.

Агенциите на ЕУ наведуваат дека вирусите на грип кои се шират меѓу животните можат само спорадично да ги заразат луѓето, но во тој случај симптомите може да се движат од многу благи до многу тешки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Се посочува дека овие вируси можат сериозно да го загрозат јавното здравје и не потсетуваат на епидемијата на птичји грип H5N1 во Египет, H7N9 во Кина и пандемијата што беше предизвикана во 2009 година со ширењето на вирусот H1N1 од свињи на луѓе.

Loading...

„За среќа во ЕУ/ЕЕА за време на последните епидемии на птичји грип немаше човечка инфекција.

Сепак, одредени групи на луѓе, главно оние кои работат со животни, се изложени на ризик да дојдат во контакт со заразени животни“, рече директорката на ECDC, Андреа Амон.

„Критично е здравствените работници, и во ветеринарната и хуманата медицина, да соработуваат и да одржуваат координиран пристап. Потребна е голема грижа за да се идентификува инфекцијата со птичји грип што е можно поскоро и на тој начин да се придонесе за компетентна проценка на ризикот и активности за јавно здравје“, додаде Амон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето