ЕБР ја испразни салата во Куманово – хаос и приведени лица на влезот во Спортската сала

Сподели со своите пријатели

Единицата за брзо распоредување на МВР навлезе во трибините на Спортската сала во Куманово, јавува дописникот на Кумановски Муабети, при што мечот КК Куманово – МЗТ е прекинат, а видени се и лица – навивачи како со видливи повреди се изнесени од салата и се згрижени од тимовите на Итната медицинска помош.

Loading...

Стаклата на влезот во Спортската сала се искршени, а ЕБР според информациите со употреба на сила ги разбива насобраните навивачи кои беа избркани од Спортската сала. Дел од нив со лисици на рацете беа легнати на земја, додека еден припадник на ЕБР е повреден и со интервенција на Итната медицинска помош, се работи на санирање на раните, вели дописникот на Кумановски Муабети.

13321245_1181220068563333_444465826_o

Целата сала е речиси испразнета, а откако дојде до инцидент кога играчот на Куманово, Бојан Трајковски навлезе во вербален дуел со судијата кога и публиката од трибините почна да фрла тврди предмети кон паркетот.

Сосема е неизвесно вели дописникот на Кумановски Муабети како ќе се заврши целата турканица и финалниот меч помеѓу КК Куманово и МЗТ, со оглед дека ЕБР ја празни целата сала.

13275560_1181221931896480_1620430901_o

Ова е четврти меч помеѓу двата ривали, а во Куманово според проценките присуствувале над 6000 гледачи.

 

Loading...