Е вака се дава оглас, преку разглас, па да чујат сите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една Американка даде отказ преку разглас во продавница и собра пофалби на социјалните мрежи.

Loading...

Продавачката во електронскиот сектор во светски познатиот малопродажен синџир Walmart, Бет МекГрат, минатата недела одлучила да даде отказ по пет години работа, бидејќи повеќе не сака да трпи лоши услови.

Судејќи според фактот дека дала отказ преку разглас и навела се што мрази на својата работа, за да ја слушнат и клиентите и претпоставените, може да се каже дека навистина ѝ било „се преку глава“.

„Внимание, клиенти и вработени во Walmart, јас сум Бет од електроника. Работам во Волмарт скоро пет години и можам да кажам дека сите овде работат премногу и се недоволно платени. Шефовите и клиентите се однесуваат лошо кон нас секој ден. Секогаш кога имаме проблем со тоа, велат дека е лесно да нѐ заменат. Ми се гади од сите што ме прават луда. Оваа компанија ги третира своите постари вработени како го**а“, рече Бет, нарекувајќи еден од шефовите „перверзници“, а другите двајца ги прозва поради нивниот однос кон вработените.

„Се срамите бидејќи така се однесувате кон вработените. Се надевам дека не зборувате така со членовите на вашето семејство“, рече Мекграт, поддржувајќи ги своите колеги.

Таа објави видео од отказот на Фејсбук и ги доби сите пофалби и поддршка.

 

Loading...