Е оваа се гејмери! Зарем треба да се грижиме за поплавата – играта мора да заврши! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неверојатни сцени снимени на Филипините!

Loading...

Монсунските дождови и силниот ветер на Филипините предизвикаа големи проблеми, близу 25 илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови поради поплави и лизгање на земјиштето, но овие гејмери не ни помислуваа да ја прекинат играта.

Тие останаа безгрижни седејќи во водата до половината и играјќи видео игри, и покрај тоа што беа опкружени со бројни кабли. Им се закануваше катастрофа, сопственикот на тоа интернет кафе се обиде да ги избрка, но компанијата одлучи да ги заврши започнатите онлајн игри по цена на нивниот живот.

Сцената е снимена во четвртокот во Кајнт, недалеку од Манила, а сопственикот на игротеката, Сио Самсон, потврди дека младите се живи и здрави.

– Кога водата почна да се крева, се што беше поврзано со електрична енергија беше подигнато на идовите. Како и да е, ги молев да престанат да играат и да си одат дома, но тие го сторија тоа само кога ги завршија игрите – рече тој.

 

 

Loading...

Leave a Reply