ЅВЕР МЕЃУ КОКОШКИТЕ: Косовски петел кој стана хит на интернет (видео)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи кружи глобално популарна видео снимка со необично голем петел, кој до сега го виделе милиони луѓе, поточно 81 милион ширум светот.

Поголемиот дел од нив биле шокирани, оценува британскиот „Дејли мејл“ кој ја пласираше оваа приказна во медиумите, затоа што до сега никогаш немале видено толкав петел. Меѓутоа се работи за вид на кокошки кои обично ги нарекуваат „кралеви на живината“, токму поради нивната големина.

Овој петел е пример за видот кокошки брама, кои растат и до 1,20 метри во височина, а овој „диносаурус“ како го нарекуваат Бритаците, се нарекува Меракли.

https://www.youtube.com/watch?v=-An6juRiTyc

Loading...