Џуле: Вечерва публиката ќе добие посебна сет листа од Ван Гог

Сподели со своите пријатели

Рок групата Ван Гог вечерва се специјални гости на „Hangout Music Festival“ во Куманово. Се е подготвено за нивниот настап, кој се очекува да започне околу 23 часот, по настапите на Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд, Нокаут и ДНК.

Ние ја посетивме денешната тонска проба на Ван Гог и ја искористивме можноста да поразговараме со фронтменот Џуле Џукиќ, кој ни откри и дел од плановите на групата, но и неговите впечатоци од настапите пред македонската публика.

КМ: Изминатиот период имавме можност да ве гледаме и слушаме во другите градови, вечерва сте во Куманово. Што можат да очекуваат кумановци?

Џуле: Чест ни е што сме вечерва во Куманово и сме дел од Хенгаут фестивалот, по 15 години повторно во Куманово екипата организира нешто. Сакаме да доаѓаме во Македонија и кога свириме тука, а вечерва публиката ќе добие посебна сет листа од Ван Гог.

КМ: Дали на листата ќе се најде некоја македонска песна?

Џуле: Македонско девојче или Ангеле мој брату? Што преферирате изберете, ние ќе дадеме се себе.

КМ: На што работите сега што може да очекува вашата публика?

Џуле: По навистина концертното лето и сериозната турнеја која ја имавме, Ван Гог во меѓувреме заврши со новиот 10ти по ред студиски албум и верувам дека некаде есенва публиката ќе ја израдуваме со нов албум, кој ќе биде полуд од било кога.

КМ: Како е да се настапува пред македонската публика?

Џуле: Ватрена публика, захтевна. Публика која не се преправа и во секој град сме доживеале прием кој е тешко да се прераскаже. Го паметиме секој концерт во Македонија и навистина се радуваме на темпераментот на кумановската публика. Вечерва сме во Куманово, на 21ви сме во Штип и некако ќе биде тоа изнедување за публика, а кој знае можеби и вечерва ќе отсвириме некој нов албум.

 

Loading...

 

КМ: Вашите колеги од Србија досега ги полнеа стадионот, салата „Борис Трајковски“, можно ли е во скоро време Ван Гог со еден голем концерт да настапи во Македонија?

Џуле: Секој концерт е голем, тоа овие естрадниве што го прават, па демек „Борис Трајковски“, па големи концерти, кој е тој мал концерт? За мене лично секој концерт е голем, така да, концертот е голем онолку колку што публиката има широко срце, ние се даваме секогаш до крај, така да и во мал клуб концертот може да биде за паметење. Тие престижни естрадни финти, пример свиревме во „Борис Трајковски“ или на стадионот, тоа е за овие „новопечени“.

КМ: Повеќе од 30 години сте на музичката сцена, како успеавте во оваа време на искривени вредности, да го задржите својот жанр, да останете она што сте?

Џуле: Со исправен грб, достојанствено, предано на она што го сакаме, не ги поднесуваме овие нови формати, не сакаме медиуми кои фаворизираат сомнителни лица, не гледајте ријалити програми и бидете свои.

КМ: Совет до најмладите, оние кои штотуку почнуваат со музика?

Џуле: Младите знаат многу, повеќе и од нас, ништо не ги советувам, само им држам палци.

Leave a Reply