Џорџа Мелони порача во Брисел дека Италија ќе биде сила

Сподели со своите пријатели

Новиот италијански премиер Џорџа Мелони ја искористи посетата на седиштето на Европската унија за да изјави дека Италија ќе биде сила со која треба да се смета за одредени прашања во ЕУ, оставајќи нејасно дали тоа е ветување или закана, пренесе АП.

Loading...

По средбата со високи претставници на ЕУ, таа рече дека разговорите биле искрени и позитивни.

„Задоволна сум од климата што ја сретнав овде во Брисел. Веројатно ќе можам да ги видам и разговарам со луѓето и да помогнам да се разбие наративот за нас. Ние не сме Марсовци. Ние сме луѓе од крв и месо, кои ги разјаснуваат нашите визии“, рече Мелони, чија влада е првата екстремно десничарска влада во Италија по Втората светска војна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Мелони се сретна со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецоли, со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Таа рече и дека разговарале за војната во Украина, поскапувањето на енергенсите и суровините, како и за големиот прилив на мигранти со кој се соочува Италија на јужната граница на ЕУ, пренесува Танјуг.

Нејзината партија Браќа на Италија има неофашистички корени и е на власт од 22 октомври, заедно со Лигата на Матео Салвини и конзервативците на поранешниот премиер Силвио Берлускони.