Џонсон: Путин би бил луд да користи нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави во интервју за Sky News дека не мисли оти рускиот претседател Владимир Путин ќе нареди употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина.

Loading...

Имено, имаше сугестии дека Путин би можел да нареди таков напад доколку неговите сили во Украина продолжат да се повлекуваат пред украинската контраофанзива и ја загубат претходно освоената територија.

„Мислам дека нема да го направи тоа. Би бил луд да го направи тоа“, изјави Џонсон за Sky News.

„Таков чин би значел дека Русија се повлекува од клубот на цивилизирани нации во истата секунда. Тоа би било целосна катастрофа за Русија, чија економија веднаш би била замрзната“, рече Џонсон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.