11.09.2019 01:43

Џонсон го суспендираше парламентот и направи хаос


– Ќе имаме договор и ќе работиме многу напорно за да го добиеме. Во понеделникот, јас бев во Ирска разговарав со нашите ирски пријатели за ова и ќе одиме во Брисел и ќе разговараме со некои други европски престолнини – рече Џонџон и повторно предупреди дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор, доколку е апсолутно неопходно, пренесува Гласот на Америка.

Џонсон претходно успеа да спроведе план за суспендирање на парламентот, но претрпе повеќекратни порази во спорот со пратениците решени да спречат Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор.

loading...

Британскиот премиер претрпе три порази во парламентот кога станува збор за владините планови за Брегзит пред да започне пет-неделната суспензија рано утрово.

Парламентот на седницата, кој траеше длабоко во ноќта, нареди на владата да објави приватна кореспонденција за плановите на Брегзит и го отфрли повикот на британскиот премиер за предвремени парламентарни избори за решавање на политичкиот ќор-сокак.

Парламентот, на барање на владата, тогаш беше суспендиран до 14 октомври, драстичен потег што ќе му овозможи на Џонсон да ги испланира следните чекори без да се мешаат пратениците.

Во Долниот дом, членовите на опозицијата протестираа против суспензијата, извикувајќи „Срам да ви е“ и носејќи транспаренти во кои пишуваше „Замолчени“.

Претседателот на Претставничкиот дом Џон Берку, кој објави дека ќе си даде оставка, ја критикуваше суспензијата на парламентот, велејќи дека тоа не е „стандардна или нормална постапка“.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments