Џинпинг го покани во посета премиерот на Шпанија – тема мировниот договор меѓу Киев и Москва

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг го покани шпанскиот премиер Педро Санчез на официјална посета на Пекинг следната недела, поради обидите на Си да посредува во мировните преговори меѓу Киев и Москва.

Loading...

Шпанската влада потврди дека Санчез ќе ја посети Кина на 30 и 31 март, а како клучна причина за посетата го наведоа „можното посредување на Си во војната во Украина“, пренесува Бета.

Шпанија во јули го презема претседавањето со Европската унија, а Санчез на светската сцена ја прикажува како цврст сојузник на Украина во НАТО, пишува АП.

Тој ќе биде на Форумот Боао за Азија на кинескиот остров Хаинан на 30 март, пред да отпатува за Пекинг следниот ден на средба со Си, соопшти канцеларијата на Санчез.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Си оваа недела се состана во Москва со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за мировниот план на Пекинг за Украина, кој западните земји го отфрлија како „неодржлив“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.