Џиновски портрет на момче се појави на границата помеѓу САД и Мексико (фото)

Сподели со своите пријатели

На ѕидот подигнат на границата помеѓу САД и Мексико осамна огромна фотографија на момче кое е прикажано како од мексиканската страна на ѕидот се придржува за оградата и ѕирка преку неа, оставајќи впечаток дека целиот ѕид би можел да се сруши како од шега.

Џиновскиот портрет, висок околу 20 метри е дело на францускиот уметник кој се потпишува со иницијатите „ЈР“, а неговата цел е да поттикне дискусија за имиграцијата, пренесува АП.

Портретот е поставен на зафрлениот дел од ѕидот во близина на граничниот премин Теката, околу 64 километри југоисточно од Сан Диего.

Францускиот уметник заслужен за овој портрет веќе има направено слични уметнички дела ширум светот, од импровизирани населби во Париз до врвови на згради во Рио де Женеиро, а поголемиот дел од неговите нови творби се фокусирани за имигрантите.

Тој на новинарите во среда, кога свечено е откриен најновиот портрет им рекол дека овој проект го испирирал сон во кој едно дете гледало преку прекуграничниот ѕид.

 

Loading...

 

„Кога се разбудив, се запрашав за што размислува тоа момче. Ние знаеме што значи тој ѕид, какви поделби прави, но кога се работи за детето немав одговор“ – рекол тој.

Година дена подоцна, „ЈР“ барал совршено место за својот нов проект, кога забележал куќа во Текат недалеку од прекуграничниот ѕид.

Тогаш со мексиканскиот пријател тропнал на вратата за да се распраша за можнос за лоцирање на својот нов проект во таа област, а во домот здогледал 11-годишник кој гледал во него и неодоливо потсетувало на момчето од соното

Ја прашал неговата мајка дали може да го фотогафира, а тааприфатила, знаејќи од претходно за делата на францскиот уметник.

 

 

Оваа уметничко дело е откриено на ѕидот помеѓу Мексико и САД во недела кога американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе го заврши програмот кој овозможува останување во земјат ана млади мигранти кои уште како деца илегално биле доведени во САД, заклучува агенцијата АП.