08.06.2019 11:47

Џиновски облак бубамари над Калифорнија (ФОТО)


Огромна дамка која во вторник се појавила на радарот на американската Национална метеоролошка служба не бил дождовен облак над јужниот дел на Калифорнија, туку рој бубамари.

Метеорологот Џо Дандреа рекол дека ројот кој се појавил над Сан Диего бил широк околу 129 километри.

loading...

Тој за Лос Анџелес Тајмс објаснил дека бубамарите се рашириле на небото летјеќи на височина меѓу 1,5 и 2,7 километри, а групата со најголема концентрација била широка околу 16 километри.

Тајмс додавата дека возрасните примероци бубамари се парат и мигрираат од Сиера Невада во долината во која се хранат со растителни вошки и полагаат јајца.

Image by Ron van den Berg from Pixabay


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments