Џиновска желка снимена како јаде птица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Џиновска желка од Сејшели, вид за кој до неодамна се веруваше дека е тревојад, е снимен како лови и јаде птица во „морничав и неверојатен“ напад. Експертите велат дека ова е првиот документиран пример за лов на диви животни кај овој вид.

Loading...

Видеото, кое е снимено на островот Фергејт во јули 2020 година, прикажува женска желка што демне младенче од ластовичка и ја удира неколку пати пред да ја фати за главата.

 

 

Островот Фергејт е приватен екотуризам и е дом на околу 3.000 џиновски желки. Наводно, другите желки во областа се обиделе да извршат слични напади, но ниту еден вид желка не е виден како активно го брка пленот во дивината.

Џиновската желка од Сејшели припаѓа на видот Aldabrachelys gigantea и научниците веруваат дека тие се „строги тревопасни животни“, пренесува Гардијан, повикувајќи се на студија објавена во списанието Carent Bayolodji, чиј водач е д -р Џстин Герлах, директор за студии во Питерхаус, Кембриџ и соработник на Зоолошкиот музеј при Универзитетот Кембриџ.

 

Loading...

 

„Ова е сосема неочекувано однесување и никогаш порано не е видено меѓу диви желки“, рече тој.

Експертите сметаат дека новото однесување е последица на необичната комбинација на колонии што се гнездат на дрвјата и популацијата на џиновски желки што живеат на островот. До сега се верувало  дека сите желки се вегетаријанци, иако имало случаи кога јаделе коски и школки поради калциум.

Закрепнувањето на живеалиштето на островот им овозможило на морските птици да се преселат таму, а колонијата од 265.000 ластовички и „ја покри земјата со риби и млади прици што излегле  од нивните гнезда“.

Потенцијалниот плен главно е премногу брз или силен за желките да ги фатат, но научниците велат дека начинот на кој желката се приближила до птицата е доказ дека таквите интеракции се случуваат се почесто. Џиновските желки од Галапагос и Сејшели се најголемите тревопасни животни во тие живеалишта и изеле 11 проценти од вегетацијата.

 

Loading...

 

“Деновиве, комбинацијата на ластовички што се гнездат на дрвја и џиновски желки е невообичаена. Нашите набљудувања сугерираат дека ваквите неочекувани интеракции помеѓу видовите ќе бидат почести со обновувањето на екосистемот. Можно е ситуации како ова да се случиле порано, но ние никогаш не сме го имале тоа снимено “, рече Герлах.

Герлах додаде дека “очигледно е дека желките уживаат да јадат ластовички. Во споредба со леснотијата со која јадат растенија, ги чекаат многу проблеми”.