ЏИНОВИ ОД 10 МЕТРИ: Ова е највисокото семејство во светот (фото)

Сподели со своите пријатели

Семејството Ван Клиф-Болтон од Есек, Англија е највисокото семејство во Велика Британија. Ова седумчлено семејство е веќе високо преку десет метри па наскоро би можело да стане и највисоко во светот.

Највисокото семејство во Велика Британија Ван Клиф-Болтон ги има сите предиспозиции да стане највисоко во светот. Нивните најмлади членови, 17месечните близнаци Езра и Габриел веќе се високу 85 сантиметри. Тоа е многу изненадувачко, посебно ако се земе в предвид дека се родени четири недели пред терминот. Родителите истакнуваат дека мораат да им купат облека за тригодишни деца и дека се на добар пат да станат највисоките близнаци во светот.

Целото семејство е високо околу десет метри.

 

Loading...

 

Нивниот постар брат Лукас (11) е најголемото момче во одделението. Висок е 162 сантиметри, осумгодишната Ева е висока 140 сантиметри, младиот брат околу 120 сантиметри. Мајката Кеиша 195, додека таткото 213 сантиметри.

Лукас и Џона се многу високи за своите години и апетитот им е одличен. Лукас појадува три сендвичи после училиште и уште има простори за вечера. Повисоки се од сите свои врсници, како и Ева – вели мајката.

Поранешната кошаркарка Кеиша вели дека Лукас би можел да тргне по нејзини стапки затоа што го интересира спортот, но моментално има проблеми со грбот поради брзиот раст.

Многу го боли. Другите деца немаат такви проблеми. Сите се прилично слаби, иако многу јадат. Не излегуваме многу затоа што немаме време – додава Кеиша.