Џин: Обичните предмети во негови раце изгледаат минијатурно (видео)

Сподели со своите пријатели

Џеф Дејб (52) од Минесота има толку големи подлактици и дланки, што неговите фотографии делуваат како фотомонтажа. Овој Американец, кој носи прекар Попај е непобедлив во оборување раце.

Loading...

Неговите подлактици имаат неверојатни 49 сантиметри обим, а со огромните дланки можат слободно да опфатат две кошаркарски топки.

Уште од мали нозе бил свесен дека се разликува од другите. Според зборовите на лекарите кои го тестирале, тој нема никакво генетско пореметување – еноставно тој е таков.

Во средно училиште сам почнал да учествува во шампионат за оборување раце. Неговите тогашни фанови го викале Попај.