ЏЕФ: Општините нетранспарентни за тоа како и каде се трошат народните пари

Сподели со своите пријатели

Според бројот на информации од јавен карактер кои се објавени на веб страните на општините во Македонија,  Велес е најтранспарентната општина, додека 18 општини, не поседуваат ниту една информација од јавен карактер.

Loading...

Здружението Млади Европски Федералистити – Куманово (ЏЕФ Македонија) во рамките на проектот „Советниците дискутираат, граѓаните читаат – како до потранспарентни локални совети?“, во текот на месец мај 2015 година спроведе истражување за нивото на транспарентност на работата на општинските совети.

Анализирани беа бројот на информации од јавен карактер кои се достапни на веб страните на сите општини во Република Македонија, како што е предвидено во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Преку креирање на индекс за транспарентност, општините беа класифицирани во четири категории: високо транспарентни, транспарентни, делумно транспарентни и нетранспарентни.

Освен општина Велес, во групата на високо транспарентни општини спаѓаат и Битола и Илинден, 23 се транспарентни, 24 се во категоријата на нетранспарентни, а дури 25 општини се класифицирани како нетранспарентни.

Од анализата беа изземени 5 општини кои воопшто немаат веб страна (Зелениково, Карбинци, Липково, Пласница и Чучер Сандево).

Со оглед на резултатите добиени од анализата, станува јасно дека граѓаните на Република Македонија немаат лесно достапен начин како да се информираат за работата на своите претставници во општината, а со тоа и да имаат увид во отчетноста истата, се вели во анализата на ЏЕФ.

Проектот „Советниците дискутираат, граѓаните читаат. Како до потранспарентни локални совети?“ се стреми да даде свој придонес кон зголемувањето на транспарентноста и пристапот до информации од јавен каратер на локално ниво, како предуслов за ефективен граѓански ангажман и влијание врз одлуките на општинските совети.

Loading...

Истиот е имплементиран во рамки на проектот „Мрежа од граѓански организации за ефикасно граѓанско учество“ спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и Македонски центар за европско образование, а финансиран од Европската Унија.