Две момчиња исчезнале пред пет месеци, а сега се појави застрашувачка трага (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Австралиската полиција соопшти дека прелиминарниот ДНК тест открил остатоци од француското момче кое исчезнало пред пет месеци.

Loading...

Ерван Ферију (21) исчезнал заедно со Британецот Хуго Палмер, северно од Сиднеј, додека патувале низ Австралија.

Палмер (20) и натмау се води како исчезнат. Властите веруваат дека парот можеби се удавил додека пливале на плажата. Коските извадени од морето одговараат на ДНК од Ферију, наведува полицијата, додавајќи дека понатамошното тестирање тоа ќе го потврди.

Двете момчиња од источен Сасекс, патувале заедно долж брегор на Нов Јужен Велс кога исчезнале. Потрагата била започната на 18 февруари откако предметите кои им припаѓале биле пронајдени на плажа во Шели.

Во близина бил откриен и автомобилот кој го рентале. Потрагата од воздух и море направена е во февруари, но ниту една трага од момчињата не била пронајдена се додека рибарите не откриле три коски на плажата Флинс минатиот месец.

Полицијата соопштила дека уште една коска е откриена на друга плажа во недела. Во следните недели ќе бидат направени форензички тестирања.

Се верува дека Палмер и Ферију патувале низ Австралија од ноември минатата година.

фото: NSW Police

Loading...

Leave a Reply