Две лица вработени во Општина Куманово ја злоупотребиле службената положба

Сподели со своите пријатели

Шеесет и четиригодишниот П.А. од Куманово, вработен во Општина Куманово како градежен инжинер, заработи кривична пријава за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против Л.Л.С. (50) исто така вработена во општината, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првопријавениот во текот на декември 2011 година злоупотребувајќи ја службената положба, постапил спротивно на законот за градење, со цел да им овозможи на тројца инвеститори на станбен објект во Куманово да добијат Одобрение за градење во најкус можен рок, свесно направил пропусти во делот на известувањето на најмалку тројца непосредни соседи, кои требале да извршат увид во основниот проект на објектот. По ова истиот свесен за законските пропусти и непостапувањето по забелешките на соседите, изготвил Одобрение за градење.

Второпријавената со пропуштање на должен надзор несовесно постапила и ваквиот нецелосен предмет со изготвено Одобрение за градење го потпишала и одобрила, на штета на непосредните соседи на објектот.