Две лица приведени на Табановце за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Две лица во текот на вчерашниот ден биле лишени од слободна на Граничниот премин Табановце поради барање за издржување на затворска казна во времетраење од три месеци за сторени кривични дела тешка кражба, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено во првиот случај во текот на вчерашниот ден во 8:15 часот од слобода е лишен 24-годишен С.М. од Битола. При пасошка контрола констатирано е дека лицето се бара за издржување казна затвор во траење од три месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Во 10.10 часот лицето е предадено во Полициска станица – Куманово за понатамошна постапка.

Само еден час подоцна, поточно во 09.30 часот на Граничен премин -Табановце лишено е од слобода лицето О.А. (29) од с.Василево. При пасошка контрола констатирано е дека лицето се бара за издржување казна затвор во траење од три месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ како соизвршител. Во 10.10 часот лицето е предадено на Полициска станица – Куманово за понатамошна постапка.