Две лица претепани пред пицерија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Полициска станица од Општа надлежност Куманово, на 18.03.2018 година во 03,00 часот, од страна на лекар од Општа Болница Куманово – хирушко одделение е пријавено дека во Хирушка амбуланта за укажување на лекарска помош се јавиле две лица кои се здобиле со повреди при физичка пресметка.

Од страна на СВР Куманово се преземени мерки и активности при што е констатирано дека лицата И.Ф.(21) и Н.М.(21) двајцата од Куманово околу 01,30 часот на 18.03.2018 година додека се возеле и застанале пред пицерија лоцирана на крстосница од улица „Народна Револуција“ и „Илинденска“ кон нив пришле четири непознати машки лица и ги нападнале по што лицата пеш избегале од местото на настанот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

На И.Ф. му е укажана лекарска помош во Комплекс Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје додек кај Н.М. констатирани се телесни повреди.

Leave a Reply