Две лица предизвикале пожар во објект на ЕВН во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две, засега непознати лица, викендов предизвикале пожар на објект во сопственост на ЕВН при што само е предизвикана материјална штета.

Loading...

– На 19.09.2020 во 21.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека две лица предизвикале пожар, при што била опожарена влезната врата од објект на ЕВН на улицата „Тодор Велков“ во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот бил изгаснат од обезбедувањето на објектот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply