Две лица повредни во сообраќајка на патот Скопје – Тетово

Сподели со своите пријатели

Вчера во 10,30 часот на автопатот Скопје-Тетово, во атар на селото Глумово, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „БМВ“ со словачки национални ознаки управуван од М.Ј. (36) од Република Словачка, и патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици, за коe лицето Г.Р. (44) од Тетово, се пријавил дека го управувал, додека на местото на настанот како возач кој го управувал возилото се пријавил П.М. (35) од Гостивар.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, по незгодата со возило на Итна медицинска помош М.Ј. и  Г.Р. биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар кај Г.Р. биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување, додека кај М.Ј. била констатирана тешка телесна повреда и бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply