Две лица од Никуштак повредени при судир на „Голф“ и „Мерцедес“

Сподели со своите пријатели

На улицата “Ферид Мурати“ вчера околу 13 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со куманоски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(44) од село Никуштак-куманоско и патничко моторно возило “Мерцедес КУЈ 518“ со германски национални ознаки, управувано од В.А.(31) од село Студеничани-скопско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што додаваат од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото “Фолксваген Голф“ М.Б.(44) од село Никуштак и била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобила друга сопатничка од истото возило Н.Б.(18) од истото село по што била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Leave a Reply