Две лица од кумановско во куќа во Охрид пакувале и продавале хероин

Сподели со своите пријатели

Од СВР Охрид информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанциии и прекурзори”, поднесени се кривични пријави против едно лице од кумановското село Лопате и едно лице од Куманово.

– Пријавените, кон крајот на минатата година набавиле поголема количина на опојна дрога хероин, светло кафеава боја и во изнајмена куќа во Охрид, вршеле нејзино препакување во помали количини запаковани во најлонски паковки. Истите, понатаму ги продавале на повеќе наркозависници од регионот, информира портпаролот Стефан Димоски.

При извршен претрес во изнајмената куќа што пријавените ја користеле, полициските инспектори пронашле дел од непродадениот хероин како и извесна количина кофеин-медикамент кој влегува во групата на стимуланси, а на илегалниот пазар се користи како додаток во хероинот со цел да се зголеми неговата маса.

Извор: spektra.com.mk

Loading...